Олимпискиот шампион Нортуг, 50 дена во затвор

Од:

Двократниот олимписки шампион во нордиско скијање Норвежанецот, Петер Нортуг казнет е со 50 дена затвор и парично со 30 илјади долари, поради возење во пијана состојба.

Судот во норвешкиот град Тронделаг, истовремено му ја одзеде и возачката дозвола на Нортуг во време траење од 5 години.

27-годишниот олимписки шампион, ја призна вината, за инцидентот кој се случил во мај месец годинава, кога во пијана состојба управувал со својот автомобил, а во еден момент загубил контрола и завршил во заштитната ограда на автопатот, а за среќа инцидентот минал без последици и повредени.

Без приговор Нортуг ја прифатил казната изразувајќи големо каење за направената грешка, но истовремено изразил и задоволство што со неговата неодговорна постапка не предизвикал посериозни послоедици.

Нортуг е вториот олимписки шампион, кој по американскиот пливач Мајкл Фелпс за управување со автомобил во пијана состојба е ригорозно казнет, но за разлика од Американецот кој избегна затвор, Нортуг најверојатно ќе мора да ја одработи казната иако има право на жалба.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ