Стапувањето на должноста на новиот состав на Европската комисија, што треба да се случи на 1. ноември, е доведено во прашање по одлуката на Европскиот Парламент за отфрлање на номинацијата на поранешната премиерка на Словенија, Аленка Братушек, за заменик претседател на ЕК и еврокомесар за енергетика, соопшти неименуван извор од ЕУ.
– При сегашната состојба, Комисијата не може да ги преземе своите функции на 1. ноември, посочи изворот.
Тој додаде дека предлагањето нов кандидат и организирањето нови сослушувања во Европскиот Парламент може да го забави процесот до 1 декември, па дури и до јануари.