Џон Кери: Страшни се случувањата, но спасувањето на Кобане не е стратешка цел

Од:

Американскиот државен секретар, Џон Кери изјави дека стратешка цел на САД не е да се спречат џихадистите на Исламска држава да го зазедат сирискиот град Кобане и дека замислата за тампон зона треба добро да се разгледа.

-Колку и да е страшно она што се пренесува од случувањата во Кобане, мора добро да се проучи стратешката цел-рече тој и додаде дека се обидуваат да ја онеспособат ИСИС да војува не само во Кобане, туку во цела Сирија и Ирак.

Кери истакна дека Турција која побара воспоставување тампон зона во Сирија, во идните часови треба да одлучи каква улога може да игра во борба против ИСИС.

Франција соопшти дека ја подржува замислата за воспоствување на тампон зона помеѓу Сирија и Турција, која би била подрачје за заштита на бегалците.

-Замислата за тампон зона е вредна за разгледување, но треба внимателно да се проучи- рече Кери.

Инаку американското Министерство за одбрана соопшти дека тампон зоната не е воена опција која се разгледува во овие моменти, додека коалицијата предводена од САД продолжува со воздушни напади во Сирија, но потврди дека тоа е тема за разговор со Турција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија