Пентагон синоќа соопшти дека идејата за создавање тампон зоната кај Кобане, што ја предложи Турција, не е меѓу разгледуваните варијанти за воените активнвости, но призна дека е темата која се разгледува со Анкара.
– Тоа не е ново прашање, изјави портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Керби на прес-конференција, нагласувајќи дека Турција веќе подолго време пројавува интерес за таква тампон зона.
– Не е на масата на воените опции што ги разгледуваме. Имајќи го предвид кажаното, мислам дека тоа е тема за натамошни дискусии, забележа Керби.
Според него, воздушните напади сами по себе нема да го спасат градот Кобане.
– Нам ќе ни бидат неопходни обучени војници, борци од редовите на бунтовниците во Сирија или владините ирачки сили, за да ја победиме Исламската држава, но тоа ќе ни одземе време, дополни тој.
– Во моментов немаме партнер-доброволец, кој ќе е способен и ефикасен на теренот, внатре во Сирија. Тоа се фактите, рече Керби.