Американскиот претседател Барак Обама синоќа изрази увереност дека САД ќе продолжат да напредуваат во борбата против групата Исламска држава (ИД).
Обама на состанок со командантите на американската армија изјави дека САД ќе продолжат со воздушните напади во Ирак и Сирија заедно со своите меѓународни партнери.
Американскиот претседател нагласи дека е добра вест тоа што сега постои консензус во светот дека Исламската држава претставува закана за светскиот мир и дека треба да се спречи нејзиното варварско однесување.
ИД прогласи „Калифат“ на подрачјето на освоените територии во Сирија и Ирак, а САД со поддршка на сојузниците почна со воздушни напади на цели на групата во Сирија на 23 септември.