Кошаркарите на Мајами успеаја да се вратат од негатива од 15 поени и да слават по продолжение против Бостон во финалето на Источната конференција со 115:111 и да поведат со 2-0 во серијата.
Предводени од Леброн Џејмс со 34 поени и 10 скока и Двејн Вејд со 23 поени. Иако Рондо постигна 44 поени и ги одигра сите 53 минути, не беше доволно за победа на Бостон.
Сепак Мајами имаше шанса и во регуларниот дел да победи, Реј Ален постигна тројка 34 секунди пред крајот за изедначување на 99 поени. Џејмс промаши два пати до крајот за натпреварот да отиде во продолжение. А таму само Рондо пружи отпор, кој не беше доволен.
Следниот натпревар е за два дена, а вечерва играа Спарс и Тандер во Оклахома, Сан Антонио води 2-0.