Камбовски: Напредокот во заштитата на човековите права е вистинско мерило за општествениот прогрес

Од:

Правото за правично судење, правото за независен и непристрасен суд, судењето во разумен рок, заштитата на човековите слободи и права пред Уставниот суд … беа дел од прашањата за кои се дискутираше денеска на расправата за судска заштита на човековите права во Република Македонија во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

За академикот Владо Камбовски напредокот во промовирањето и заштитата на човековите права е вистинско мерило за општествениот прогрес односно за тоа дали едно општество или држава напредува или стагнира.

– Самата природа на човековата слобода и права на поединецот од самата таа природа произлегува како елементарно право, правото на судска заштита на поединецот пред независен и непристрасен суд во спроведлива и со закон уредена постапка со определување на сите гаранции што се утврдени со ЕК за човекови права и другите меѓународни документи за човекови права, истакна Камбовски.

Според него, тоа право е комплексно. Тоа опфаќа право на пристап пред судот, право да му се суди од независен суд, право на ефикасни правни лекови, право на правична постапка итн.

Потенцира дека од започнувањето на судските реформи до сега се направени значителни чекори во однос на институционалната структура на судскиот систем, судскиот совет, реорганизација .. и дека сега е потребно постапно да се навлезе подлабоко во квалитативни аспекти на остварување на правото на судска заштита на човековите права.

Професорот Љупчо Арнаудовски во своето излагање нагласи дека во наредните измени на законот мора да се дефинира што е тоа независно судство. Појасни дека во моменталниот закон постојат две одредби, првата е дека судовите судат, а втората е дека се независни. Според него, независноста на судството мора да се регулира на три нивоа.

– Првото ниво е судскиот систем. Положбата на судскиот систем кој ги обединува сите органи мора да добие одредена позиција визави другите власти. На второто ниво на независноста на судството е судијата кој мора независноста во вршењето на неговата функција да си ја обезбеди самиот. Третиот елемент на независноста е судскиот совет. Судскиот совет кај нас е единствен орган во чие составување учествуваат трите власти, истакна Арнаудовски.

Тој предложи во наредните измени на законот претседателот на врховниот суд и министерот за правда да не се членови на судскиот совет. Потенцира дека и членовите на законодавната и извршната власт што учествуваат во тој совет можат негативно да влијаат на неговата работа.

На расправата се дискутираше и за управно-судската заштита на човековите права, за заштитата на човековите права во постапката пред органите на управата, за примената на ЕКЧП од страна на домашните судови, како и за заштитата на правата на човекот пред Европскиот суд за човекови права.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи