Таа тврди дека е преубава за да пронајде маж

Од:

Најверојатно барем неколку пати ви се случило во животот да ви се допаѓа некој за кој сте помислиле дека е на повисок „ранг“ од вашиот, кога е во прашање физичкиот изглед. Паула Џејн Елен од Есекс нема такви проблеми.

Имено, во прашање е 33-годишна жена која смета дека е премногу секси за онлајн средби, дека е проколната со убавиот изглед и фантастично тело. Во нејзиниот случај тоа значи дека онлајн потрагата по маж била вистински пекол:

– Одлучив тоа да го испробам, затоа што сите тие страници гарантираат дека ќе те спојат со некој кој има исти интереси како ти, значи во прашање е карактерот, а мене беше доста од фраери по барови кои само бараат сек. Но немаше никаква разлика. Редовно ми се јавуваа луѓето кои сакаат само секс. Оженети мажи кои сакаат само да се забавуваат за една ноќ. Одвратно е, изјави за „Дејли Мејл“.

– Слаба сум, имам долга руса коса и сини очи и малку се занимавав манекенство во минатото. Кога се обидував да најдам маж кој нема да ме доживува како парче месо, сфатив дека е премногу тешко. Се чувствував како кукла во излог, додаде таа.

Но, тоа што Елен очигледно не го сфатила е дека такви пораки добиваат сите, не само „ суперубавите луѓе“ како таа, а најлошото е сепак тоа дека написот е објавен како одговор на текстот за жена која тврдела дека не може на Интернет да најде маж, затоа што е предебела.

На крајот Елен додаде:

– Знам дека ова ќе наиде на голем број коментари, но ништо од ова не мислам на лош начин. Никогаш не освојував награди или ја користев својата убавина да стигнам до некаде. Им посакувам на девојките кои мислат дека сите фраери ќе се појават кога ќе ослабат да им докажам дека тоа не е вистина, дека вака е само уште полошо. Мојата најдобра пријателка носи конфекциски број 48, но не и е грижа. И секогаш добивала повеќе внимание од мене затоа што има повеќе самодоверба.

Откако престанала да бара маж на Интернет, Елен го запозна својот сопруг со кого сега е во брак четири години и има две деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ