Последниот аргентински диктатор Рејналдо Бињоне доби нова затвоска пресуда

Од:

Рејналдо Бињоне, последниот петседател на Аргентина од времето на диктатурата од 1976 до 1983 година, доби нова пресуда затвор, овој пат за киднапирање нa 32-ца работници.

Судот во Буенос Аирес го осуди поранешниот генерал на 23 години затвор за кршење на човековите права. Работниците беа киднапирани и исчeзнаа без трага за време на т..н „валкана војна“ на режимот против левичарските дисиденти и другите опоненти.

Осумдесет и шестгодишниот Бињоне отслужува пресуди за околу 25 дела за злосторства против човештвото.

Судот во Буенос Аирес го осуди и поранешниот генерал Сантјаго Омар на доживотен затвор поради неговата улога во десетици незаконски напади, киднапирања и измачувања и за убиство на три лица.

Според активистите за заштита на човековите права, за време на диктатурата во Аргентина биле убиени или исчезнале околу 30 илјади лица.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ