Пентагон: Извршени 341 водушен напад врз ИД и потрошени милијарда долари

Од:

САД и нивните сојузници, од 9. август, па досега, извршиле најмалку 341 воздушни напади врз позиции на екстремистите во Ирак и Сирија, а од половината на јуни на оваа мисија Пентагон потрошил 1,1 милијарда долари, соопшти американската Централна команда.

Во соопштението се наведува дека 94 напади се извршени во Сирија, а 247 во Ирак. Освен осум воздушни напади врз сириската екстремистичка организација Корасан на 23. септември во Сирија, сите останати се извршени против групата Исламска држава.

Американската централна команда соопшти дека во нападите се уништени или оштетени 40 тенкови и други возила на Исламска држава, најмалку 160 вооружени возила, 59 хамви од американско производство што екстремистите ги заплениле од ирачките сили.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија