Американецот Џон О’Киф, кој работи во Велика Британија, и норвешката двојка Меј-Брит и Едвард Мозер се годинешните лауреати на Нобеловата награда за физиологија и медицина, соопшти Nobelprize.org.
Наградата им се додели за нивните откритија за клетките, кои го прават позиционирачкиот систем во мозокот. Научниците ја истражуваат клеточната биологија на главниот мозок. Половина од наградата му е доделена на Џон О’Киф, а останатата половина ја делат Меј-Брит и Едвард Мозер.
Меј-Брит и Едвард Мозер се пионери во истражувањето на механизмите на мозокот за восприемање на просторот.
Џон О’Киф е невробиолог, професор на Институтот по когнитивна невробиологија на универзитот Колиџ во Лондон. Познат е по откривањето на клетките во хипокампусот и тнивното привремено кодирање.