Италијанскиот диригент Алесандро д‘Агостини ќе настапи со битолскиот Камерен оркестар

Од:

Познатиот италијански диригент маестро Алесандро д‘Агостини ќе диригира со битолскиот камерен оркестар на претстојниот концерт во новата сезона.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека под диригентската палка на д‘Агостини кон крајот на месецов ќе се одржи целовечерен концерт на кој ќе бидат изведени дела од Бах, Шопен и други светски познати композитори.

– Како што е познато камерниот оркестар на Битола годинава функционира во партнерство со нашата национална установа и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола. Новата есенска музичка сезона ќе продолжи на 26 октомври со целовечерен концерт за клавир и оркестар, и ќе биде под диригентската палка на маестро Алесандро д‘Агостини, диригент од Италија кој има импозантна кариера со познати оперски куќи низ матичната и други европски држави, потврди Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

На концертот на камерниот оркестар на Битола, солисти ќе бидат Марија Вршкова-уметнички соработник на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Марија Ѓошевска-професор на истиот факултет и Татјана Божиновска, професорка по пијано во државното Музичко училиште во Битола.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека во ноември камерниот оркестар ќе ја изведе рок-симфонијата чија премиера беше на „БитФест“, а кон крајот на годината и традиционалниот новогодишен концерт со што продолжува континуираната програма на камерниот оркестар на Битола.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање