Анкета: Студентите против идејата на МОН за полагање државен испит

Од:

За време на викендот порталот факултети.мк спроведе анкета за идејата на Министерството за образование и наука за полагање на државнот испит на факултетите.

На прашањето: Дали се согласувате со предлогот на МОН да се воведе државен испит по втора и четврта година на студиите, мнозинството на студенти одговориле негативно.

anketa-rezultat-studenti

За неполни 48 часа колку што трае анкетата, бројот на студенти кои не се согласуваат со оваа одлука е значително поголем од оние кои ја поддржуваат. Поточно, од вкупно 3703 само 277 (7%) читатели сметаат дека полагањето државен испит во текот на студиите е праведно, додека останатите 3426 (93%) се против ова и не го прифаќаат.

На порталот се објавени и првичните коментари за оваа одлука донесена од Министерството за образование и наука кои покажуваат дека студентите се револтирани.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on