Грција не се согласува за натамошно кастрење на платите и пензиите

Од:

Дали грчката Влада денеска ќе успее да ги усогласи ставовите со „Тројката“, за новиот пакет мерки за штедење.

До раните утрински часови траеле преговорите на министерот Јанис Стурнарас со меѓународните финансиери.

Грчки извори велат дека има шанси за договор.

„Тројката“(ММФ,ЕУ, ЕЦБ) , како што велат истите извори, се откажала од барањата за понатамошно кратење на платите, пензиите и социјалното осигурување откако Стурнарас децидно изјавил дека попрво ќе поднесе оставка отколку да ги одобри намалувањата на приходите.

Двете страни се имаат договорено за 7,5 милијарди евра од намалување на платите, пензиите и социјалното, од кои околу една милијарда ќе се соберат од зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 57, додека 1,5 милијади ќе се заштедат од реформи во јавниот сектор. Други две милијарди ќе се најдат од собирање на данок кој досега се затајувал.

Стурнарас д попладне повторно ќе ги „пегла“ ставовите со финансиерите, кои од Атина треба да заминат и повторно да се вратат пред состанокот на еврогрупата закажан за 8 октомври.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната