Овогодишните добитници на Нобеловата награда за физика ќе бидат објавени утре, за хемија на 8 октомври, за мир на 10 октомври, а за економија на 13 октомври.
Се уште не е соопштен датумот, на кој ќе биде соопштено името на добитникот на овогодишната Нобелова награда за литература.
По желба на Алфред Нобел (1883-1886), по кого и се наречени, наградаитесе доделуваат за остварување во областа на физиката, хемијата, физиологијата или медицината, како и за забележителни литературни достигнувања и за работа во интерес на светскиот мир.
Сите награди, освн онаа за мир, ги доделува Шведската кралска академија на науките. Нобеловата награда за мир, пак, ја доделува петчлен Комитетод норвешкиот Парламент. Од 1968 година е воведена и Нобелова награда за економија, која е финасирана од Шведската национална банка.
Првата Нобелова награда е доделена е во Сен Тропе во 1901 година, веднашпо смртта на Алфред Нобел. Церемониите на доделување на овогодишните награди се закажани за во Стокхолм и Осло на 10 декември, на годишнината од смртта на Нобел.
Инаку секоја од наградите може да биде доделена најмногу на тројца номинирани кандидати. Наградата се состои од е златен медал и парична надомест. Поради финасиската криза, од 2012 година паричната награда е намалена за 20 проценти на осум милиони шведски круни (880.000 евра).