А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АРСЕНА: Водата во Гевгелија има арсен над дозволената граница

by А1он05/10/2014 - 14:39288
Share0

Ви ги презентираме резултатите од последните анализи на Институтот за јавно здравје на РМ, за квалитетот на водата за пиење во Гевгелија кои покажуваат НЕ ДОЗВОЛЕНО присуство на отровниот елемент арсен со концентрација од 12,2 микрограма на еден литар вода (дозволена граница од СЗО е 10 микрограми на литар), велат од здружението Арсена.

Добивај вести на вибер

Не ја знаеме причината на варирањата, но отровот е меѓу нас и редовно се испорачува, како „чист“ производ низ градскиот водовод на Гевгелија, иако во себе содржи опасен и отровен металоид кој е причинител на голем број заболувања, пред се’ сите видови неоплазми, стерилитет, спонтани абортуси и други пореметувања.

Наместо трајно решение градоначалникот Иван Франгов изјави дека се исклучени спорните бунари (3 и 4 од ревирот кај Моин) и заедно со првите два (бунарите 1 и 2 кај Моин ) се меша со бунарските води од Вардар.

Ако е така, од каде тогаш повторно недозволена концентрација на арсен од 12,2 микрограми, која според оценката на ИЈЗ од 23.09.2014 година, со документ број 6604/2014 „ НЕ ОДГОВАРА на Правилникот за безбедност на вода – Сл. Весник на РМ бр. 46/2008“.
Очигледно е дека ваквиот Џејми Оливер рецепт, мешање на бунарските води како салата, не е успешен во случајот со гевгелиското водоснабдување.

Analiza-na-voda--Septemvri-2014

Граѓаните и АРСЕНА бараат трајно решение, а дотогаш Советот на општина Гевгелија да ги прифати иницијативите за намалување на цената на водата на гевгелискиот водовод и субвенционирање на трошоците за набавка на пакувана вода до секое семејство кое е приклучено на градскиот водовод во Гевгелија.

Се надеваме дека ќе одвоите простор за нашето соопштение со кое ја актуелизираме проблематиката со арсенот присутна веќе две години, а за која властите УПОРНО МОЛЧАТ.

arsenagevgelija

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Горан Наумовски29/05/2025 - 13:14

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он19/04/2025 - 13:20

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Горан Наумовски01/04/2025 - 19:13

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Горан Наумовски25/11/2024 - 21:38

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Горан Наумовски21/11/2024 - 19:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен