Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ вечер по седми пат ќе се одржи во Скопје. Настанот ќе почне во 19 часот и 30 минути на плоштадот „Κарпошово Востание“ (пρед Музејот на холоκаустот).
Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред седум години.
Целта е, како што велат од фан-клубот на Тоше Проески, заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.
– Сеќавањето на тебе, твоето постоење, љубовта и песните се патоκаз κој ни дава сила и оваа година да ја пρодолжиме тρадицијата, велат од фан-клубот и притоа ги повикуваат сите обоќаватели уште еднаш да доκажат деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат.
Во рамки на одбележувањето на овој датум, денеска во периодот oд 10 до 18 часот во Домот на АРМ во Скопје ќе се одржи и традиционалната крводарителска акција „Јас штотуку спасив живот, а вие?“.