Мал шпански остров е на пат да ја оствари целта: 100 проценти обновлива енергија

Од:

Всушност, ви треба малку повеќе фосилно гориво за да стигнете до малиот шпански остров Ел Хиеро. Треба да фатите комерцијален лет, авион со пропелер, а потоа фериброд за да стигнете до она што некогаш беше крај на познатиот свет, пред Колумбо да отплови.

Но кога ќе стигнете таму, воопшто нема потреба од фосилни горива. Прастариот остров западно од обалата на Африка, сега е модел за иднината и со месеци фукнционира на 100 проценти обновлива енергија, кој се состои од микс од ветерна и хидро енергија.

Ел Хиеро, најодалечениот од шпанските Канарски острови, сега важи за првиот енергетски самодоволен остров на светот кој никогаш не бил приклучен на државна електромрежа.

Данскиот остров Самсо, кој е исто така енергетски независен, претходно сепак бил врзан на данската електромрежа и не направил промена во својата изолација, како што е случајот со Ел Хиеро.

Заради топографијата на околното морско дно, Ел Хиеро, кој е активен вулански остров со околу 10,000 жители, никогаш не можел да биде поврзан со шпанската електромрежа.
Наместо тоа, се користеле големи танкери за да се пренесат шест илјади тони дизел гориво – што е еднакво на 40,000 барели нафта – секоја година, за напојување на генераторите за струја. Тоа било скап, одземало време и прилично валкан зафат… се досега.

Минатото лето, Ел Хиеро ја отвори електраната Горона дел Виенто, 110 милиони долари вредна фарма на турбини на ветер и вода. До крајот на годинава, електраната ќе ја произведува сета струја потребна на островот, со јачина од 48 гиватчасови годишно.

Електраната се состои од пет големи индустриски ветерници и две езера. Во ветровитите денови – а таму ги има многу – ветерниците ќе работат на Атлантските воздушни струи кои дуваат на Канарсите. Кога ќе биде прозведено повеќе струја, како навечер, вишокот енергија ќе се користи за да се испумпува морска вода во езерото смесетно во природен вулкански кратер на 750 метри надморска висина.

Кога ветровите ќе стишаат, водата се испушта преку цевки кои ги поврзуваат двете езера. Попат, водата минува преку турбини кои создаваат хидро електроенергија.

Се е поврзано со два сензори, па за пет секунди од стишувањето на ветровите водената сила на електраната стапува на сцена. За жителите на островот, во тој миг светлата дури и не затрепуваат.

– Технологијата која ги користи и ветерната и водената енергија во електраната е проста, но Ел Хиерое прваото место каде за првпат се комбинираат двете компоненти, вели Хуан Мануел Квинтеро, кој работи во контролната соба во електраната Горона дел Виенто.

– Ветерните турбини практично ги нарачме од каталог: ние не ја измисливме оваа технологија. Истото е и со водените турбини, вели Квинтеро. „Иновацијата која ја направивме е самото поврзување на двата системи заедно“.

Шпанската влада, еден локален универзитет и шпанската електрокомпанија, сите соработувале на овој проект. Горона дел Вието е последниот во големите обиди на шпанската влада дозволени пред финансиската криза, по што владата била присилена да ги укине сите субвенции за обновливи енергии.

– Имавме среќа што кризата дојде откако проектот веќе беше завршен, вели Алфонсо Армас, претседател на Ел Хиеро кабило, улога која е скоро еднаква на улогата на еден американски гувернер.

Ел Хиеро одамна е познат како место од каде емигрираат луѓе. Тоа е сурова карпа далеку од шпанското копно, насред Атлантикот. Но Армас се надева дека електраната Горона дел Виенто ќе го ревитализира местото, и ќе направи локалните жители да се гордеат со нивниот остров.

– Кога го вклучуваме светлото, сите си помислуваме на ветерниците кои се вртат, а можеби си помислуваме и дека сме поинакви од остатокот од светот, затоа што ја добиваме струјата од овие ветерници, а не од конвенционални турбини, вели Армас.

Електраната Горона дел Виенто е главна тема во кафеаните во најголемото населено место на Ел Хиеро, Валверде. Многу жители се надеваат дека новите „зелени“ услови на островот ќе доведат еколошки настроени туристи.

– Ова ни изгледа како добра инвестиција, од која корист ќе имаат сите – економски и еколошки, вели локалниот жител Илдефонсо Сантана.

Сепак, тоа нема веднаш да се одрази по нивните џепови. Цените на струјата се определуваат на државно ниво, но жителите на Ел Хиеро нема да плаќаат помалку за ветерната и водената енергија отколку што плаќале за струја произведена со дизел генератори.

– Но затоа ќе си обезбедат енергетска сигурност за иднината, вели економистот Гонзало Ескрибано од Институтот Елкано Ројал, тинк-тенк организација од Мадрид.

– Која ќе биде цената на нафтата за 20 години? Не знаеме! Но сигурни сме дека на Канарските се уште ќе имаме ветрови и за 20 години од денес, вели Ескрибано. „А цената, или трошоците за производство на дополнителен гигават ќе биде… нула“.

Во меѓувреме, Ел Хиеро веќе го планира следниот енергетски проект. Тие посакуваат сите автомобили на островот да бидат електрични, до 2020 година.

Нешенел паблик рејдио

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата