А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Малцинствата во Албанија на средба со министерот Бушати

by А1он04/10/2014 - 12:4384
Share0

Шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и Државниот комитет за малцинствата вчера се сретнаа со претставници на здруженијата на малцинствата во Албанија, на која присуствуваа и претставниците на здруженијата на македонското малцинство.

Следете a1on на Instagram Instagram

Целта на средбата била зајакнување на дијалогот со здруженијата на малцинствата, како и нивно запознавање со препораките на Советот на Европа за ситуацијата на малцинствата во Албанија.

– На средбата беше искажан заеднички став од потребата Рамковната конвенција за заштита на малцинствата и резолуцијата на Советот на Европа, да бидат преведени на јазиците на малцинствата, што подразбира и на македонски јазик, вели Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата на Македонците, МАЕИ.

Во текот на средбата, министерот Бушати ја истакнал волјата на албанската Влада за зголемување на соработката со претставниците на малцинствата, нивната вклученост во процесот на консултации за решавање на нивните проблеми, како и за поттикнување и поддршка на нивните активности за натамошна заштита и развој на културниот и јазичниот идентитет на малцинствата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според Стерјовски, Албанија во согласност со меѓународните обврски треба да преземе конкретни мерки за заштита на правата на малцинствата.

vlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто