Почнува седмиот фестивал на пантомима „Панфиз“

Од:

Четири претстави, од кои три гостински се на програмата на 7. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“ кој ќе почне денеска и ќе трае до 7 октомври во Универзалната сала.

Фестивалот вечер на сцената Потковица ќе го отвори американската пантомимичарка Иман Лизаразу со претставата „Баскет ќес“, а во наредните три дена на Малата сцена на Универзална ќе бидат изведени и македонската претстава „Проклетството на Виктор и Викторија“ во режија на Војо Цветановски со актерите Дарко Вељиќ и Марија Бејкова, „Месечев човек“ на британскиот „Невидлив ансамбл“ во режија на Џулиета Килгелман и романската „Приказни без зборови“ и Стефан Руксанда на последниот ден од фестивалот.

„Панфиз“ ќе заврши со доделување на наградата за најдобра претстава, која е парична и спонзорирана од Росен Пацов и Антонија Цветанова од Ботевград, Бугарија.

Буџетот за фестивалот од Министерството за култура е ист како и лани (200.000 денари), намален за 45 отсто од предминатата година. Директорот на „Панфиз“ Трајче Ѓорѓиев на прес-конференција рече дека поради скратените средства организирањето на фестивалот, кое ги вклучува и покривањето на трошоците за патување, престој и хонорари на учесниците од странство, се потпира, како што рече, на стари пријатели и луѓе кои им излегуваат во пресрет и дека им доаѓаат учесници на кои фестивалот може да им покрие само одредени трошоци.

Наместо во МНТ „Панфиз“ оваа година од технички причини е во нов простор. – Замислата беше фестивалот да се одвива на малата сцена во новиот објект, но поради поплавите од пред неколку месеци таа сцена во моментов не е во употреба. За среќа, нашите стари соработници – Театарот 007 и Универзална сала ни излегоа во пресрет, информираше Ѓорѓиев кој, заедно со Гораст Цветковски, е автор на плакатот за годинашниот „Панфиз“.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи