Најмалку 32 лица загинаа во турканица за време на религиозен празник во Индија

Од:

Најмалку 32 лица загинаа, а речиси 15 се повредени и хоспитализирани денеска во турканица за време на хиндуистички празник во источната индиска држава Бихар, соопшти локалната полиција.

Огромен број луѓе се собрале во главниот град на државата Патна, поради палење на кукли во раните утрински часови, што е дел од обичаите за празникот Дусехра.

Според властите, до турканицата дошло кога луѓето си заминувале по церемонијата, а очевидец изјавил дека околината не била доволно осветлена.

Полицијата ги разгледува телевизиските снимки од настанот, со цел да утврди која е причината за трагедијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати