Шпанската Влада пред Уставниот суд ќе го оспори создавањето на Изборната комисија во Каталонија за организирање референдум за независност на оваа автономна област, изјави шпанскиот вицепремиер Сораја Саенц де Сантамарија.
Претходно оваа недела, Уставниот суд на Шпанија не дозволи стапување во сила на декретот на каталонскиот лидер Артур Мас за организирање референдум на 9 ноември.
Властите во Каталонија денеска соопштија дека не се откажуваат од својот план за референдум и покрај одлуката на Уставниот суд.
– Меѓу каталонските партии, кои ја поддржуваат идејата за референдум, е постигната согласност дека автономната област не треба да се откаже од плановите за организирање на гласањето на 9 ноември, истакна портпаролот на каталонската Влада, Францеск Хомс.