Вујановиќ остро го предупреди Зукорлиќ

Од:

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ го предупреди во средата санџачкиот муфтија Муамер Зукорлиќ дека треба да знае кои се границите на неговата надлежност и не треба да преминува на просторот на Црна Гора, како и дека на нејзината територија не смее да дејствува надвор од организацијата на тамошната Исламска заедница, пренесе Макфакс.

„Зукорлиќ не може да дејствува паралелно со организацијата на Исламската заедница во Црна Гора, на ниеден начин, па ниту со формирањето на што и да е што ќе биде во функција на пренесување на состојбите или пораките кои се негативни за Бошњаците во Црна Гора“, изјави црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.

Санџачкиот муфтија (во Србија) Муамер Зукорлиќ имаше намера, без знаење на црногорските државни, верски и локални власти во Рожаје, на тромеѓето меѓу Црна Гора, Србија и Косово, да основа три верски образовни институции.

Реисот на Исламската заедница во Црна Гора, Рифат Фејзиќ, оцени дека таквото дејствување на својот колега од Нови Пазар е „фашистичко и насочено на поделбата на муслиманите во Црна Гора“ и ги повика државните органи да дејствуваат во рамките на своите надлежности.

Слична оцена даде во средата и министерот во српската влада Расим Љајиќ, и самиот потекнува од Нови Пазар, кој неодамна во Будва изјави дека Зукорлиќ се обидел да ги подели муслиманите и во Србија, но бидејќи тоа не му успеало своите активности ги насочил кон Црна Гора.

Вујановиќ го пофали дејствувањето на Исламската заедница во Црна Гора и реисот Рифат Фејзиќ. „Тој навистина во сите свои активности покажа приврзаност кон Црна Гора и подготвеност во рамките на Исламската заедница, да ги афирмира вредностите на Црна Гора во исламот, како и добрата соработка со другите вери и силно го поддржувам сѐ она што го прави“, изјави црногорскиот претседател.

Вујановиќ додаде дека е убеден оти Исламската држава на Црна Гора ќе ја сочува својата препознатливост и сила за промоција на вистинскиот ислам, наведувајќи дека тоа е интерес и на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ