Дваесет и петгодишната Нереу Перез од Шпанија е пронајдена мртва во бочва со вино, во погон за производство во село Салас дел лос Бариос, каде што била вработена како експерт, пренесуваат медиумите.
Според наводите таа настрадала додека го набљудувала процесот на ферментација на виното, но не се знае дали се удавила во бочвата или причина за нејзината смрт е големата количина на јаглен диоксид.
Од службата за итна медицинска помош која излегла на терен велат дека Перез најверојатно поради гасовите кои испаруваат во тек на алкохолното вриење најпрвин ја изгубила свеста, а потоа паднала во бочвата.
Телото на несреќната девојка, која била претседателка на социјалистичката партија на млади ПСОЕ за регионот на Кастиља- Леон, го пронашол нејзиниот вујко.
Е. Г.