Загрозени податоците на 83 милиони клиенти на американската инвестициска банка „ЈП Морган Чејс“

Од:

Податоци со имиња, адреси, телефонски броеви и адреси на електронската пошта на дури 83 милиони клиенти на американската инвестициска банка „ЈП Морган Чејс“ се загрозени од хакерски напад врз банката.

Од банката, која вчера информира за големината на хакерскиот напад, тврдат дека нема докази дека се загрозени броевите на сметките, лозинките, идентификациските броеви на корисниците, датумите на раѓање или броевите на социјалното осигурување.

Во хакерскиот напад загрозени се податоците на 76 милиони домаќинства, како и на седум милиони мали фабрики.

Повеќето украдени податоци се однесуваат на сопственици на сметки, но и на поранешни сопственици на сметки, како и на сите кои на банката своите податоци и ги дале преку интернет страницата на банката или преку мобилни апликации.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија