Промовирани избрани дела од Тодор Чаловски

Од:

Издавачката куќа „Галикул“ од Скопје објави избрани дела во пет тома на писателот Тодор Чаловски, кои денеска беа промовирани во Друштвото на писателите на Македонија.

Чаловски (1945) е поет, литературен критичар, есеист и преведувач, кој активно твори 45 години. Негови дела се објавени во голем број  антологии и во други изданија со кои е претставена македонската литература,  а негови стихови  се преведени на петнаесетина јазици.

Богатиот поетски и критичко-есеистички опус на Чаловски во македонската писателска асоцијација го претставија претседателот на ДПМ Веле Смилевски и професорите од Филолошкиот факултет Весна Мојсова-Чепишевска и Венко Андоновски.

– Творештвото е за мене животен предизвик, бидејќи цел живот, освен литературата ништо повеќе не ми претставувало задоволство. Круна на секој творец е објавувањето негови книги, а се разбира и ако дочека  избрани дела. Тој чин е поплочен со многу несоници, трепети и неспокојства што секој творец ги има како своја судбина. Ова е и радост и своевидна обврска да продолжам до крајот на животот и да се остави бележита трага, рече Чаловски.

Во ДПМ Чаловски членува од 1969 година. Бил и претседател на Друштвото и претседател на Собранието на ДПМ. Добитник е на највисоките признанија за поезија што се доделуваат во Македонија. Основач е на Книжевната колонија во Галичник.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска