Јунаците од цртаните филмови Том и Џери обвинети за расизам

Од:

Јунаците на популарната серија цртани филмови за мачорот Том и за глувчето Џери, се обвинети за расизам, откако најновата оценка за оваа класична серија заклучи дека во определени сцени од филмовите, има елементи на „расни предрасуди“.

Вакво предупредување веќе е ставено за најновата генерација претплатници на Амазон Прајм инстант видео.

Причината за ваквата оценка се „расните стереотипи“ при описот на домот во кој живеат Том и Џери, каде домашната помошничка секогаш е афро-американка.

Според толкувањето на Амазон, ваквата „предрасуда“ (дека домашната помошничка најчесто е црна жена), едно време беше општо прифатено во американското општество.

Првиот цртан филм со овие двајца јунаци е прикажен во 1940 година,во продукција на холивидската компанија МГМ. Авторите на цртаните филмови, Вилијам Хана и Џозеф Барбера правеа филмови за мачорот и глувчето до 1957 година, внимавајќи тие секогаш да бидат дел од амбиентот на тогашната Америка, живеејќи во предрградие, со пространа куќа и градина.

Беа направени повеќе од стотина вакви филмови кои се уште се популарни кај децата, но и кај возрасните.

Првата забелешка за „расизам“ е регистрирана уште шеесетите години на 20 век, кога филмовите почнаа да се прикажуваат и на телевизија, по што некои од филмовите беа наново монтирани.

Подоцна, Том и Џери беа обвинувани и за пушењето, како и за „насилството“ што тие го применуваат, еден, кон друг, во текот на нивните палави игри.

Дел од социолозите и тогаш, а и сега, по повод најновото обвинување, сметаат дека ваквите критики многу често се претерани.

Според нивното мислење, денешните генерации ја знаат историјата, па им судат на лугето и нивните постапки врз основа на сегашните вредности, затоа и етикетата за расизам, овие социолози, ја опишуваат како „лажна правоверност“.

Би можело да ве интересира

Во САД сакаат да го укинат Творот Пепе, го промовирал сексуалното вознемирување

Жарко Настоски

Критики за расизмот кон Френклин од „Чарли Браун“

Ана Ололовска

Промовирани „Стела и Сани“, првите македонски 3д анимирани карактери

Ана Ололовска

Том и Џери го слават 80. роденден

Ана Ололовска

Почина авторот на „Пинки и Мозокот“ и „Аниманијаци“

Ана Ололовска

Украинска НВО: „Маша и Медо“ ја загрозува безбедноста на Украина

Ана Ололовска