Федералните властите во Мексико заедно со властите на САД ја пронајдоа Сабрина Ален од Тексас, по која трагаа цели 12 години.
Полицијата од Остин во Тексас потврди дека девојчето било лоцирано во мал град југоисточно од Мексико Сити.
Сабрина која сега е тинејџерка, исчезнала кога имала само четири години, односно кога нејзината мајка Дара Лоренс на 19-ти април 2002 година ја одвела со себе, во рамките на програмата за посета на деца по развод.
ФБИ наведе дека таа не го вратила девојчето кај нејзиниот татко, примарниот старател, поради што моментално се наоѓа во притвор во Тексас.
Е. Г.