Грција ги зајакнува безбедносните мерки на границата поради опасност од зголемување на бројот на бегалци поради настаните во Сирија.
Грчкиот министер за трговска флота Милтиадис Варвициотис пред Парламентот изјави дека бројот на илегалните имигранти, кои се обидуваат по морски пат да влезат на територијата на Грција, ќе се искачи над 30.000. Тој посочи дека таа бројка ќе биде значително поголема во споредба со претходните две години.
Вознемиреноста на Атина е поради фактот што до април во Турција биле регистрирани 800.000 бегалци, а според предвидувањата нивниот број до крајот на годината нивниот број може да достигне до два милиони луѓе.