Аргентина со обвинувања до САД за должничката криза

Од:

Претседателката на Аргентина Кристина Фернандес де Кирхнер ја обвини администрацијата на американскиот претседател Барак Обама за должничката криза во својата држава. Таа дури и навести дека Вашингтон би сакал таа да е убиена.

– Ако нешто ми се случи никој не би требало да гледа на исток туку на запад, по она што е направено во дипломатските канцеларии, изјави Фернандес во говор.

Владата во Аргентина е незадоволна од одлуката на Судот во Њујорк дека најновиот план на Аргентина за излез од должничката криза е незаконски и оценката дека тој не би помогнал Буенос Аирес да реши спор заради кој по вторпат во изминатите 13 години државата банкротираше.

– Сакам да бидам јасен – овој предлог ја крши актуелната пресуда на нашиот суд, незаконски е и Судот смета дека не може да биде спроведен, изјави њујоршкиот судија Томас Гриес.

Фернандес заклучи дека не е случајно тоа и дека одлуката ја донел „сенилен судија“.

Навести дека и сите економски неволји во државата вклучувајќи рецесија и висока инфлација, ги поттикнуват локални бизнисмени во тајна соработка со надворешни елементи на прво место САД.

– Има некои играчи во економската сфера кои сакаат да ја урнат владата, а тоа сакаат да го направат со помош од странство, изјави Фернандес.

Аргентинската претседателка ја обвини и американската Амбасада која упатува „огромни провокации“ предупредувајќи за лоша безбедносна ситуација во Аргетина. По нејзиниот говор, гувернерот на Централната банка Хуан Карлос Фабрега поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија