Брисел бара од Москва да објави листа на непожелни

Од:

Претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц побара вчера од Русија да објави комплетен списокна членови на ЕП на кои им е забранет влез во земјата, како и да ги наведе причините поради кои им е воведена забраната.

Повод за барањето на Шулц е минатонеделното одбивање на руските власти да дозволат влез во земјата на пратеничката на ЕП Ребека Хармс, која мораше по неколку часови задржување на московскиот аеродром да се врати за Брисел.

Претседателот на ЕП му испрати писмо на амбасадорот на Русија во ЕУ Владимир Чизов во кое нагласи дека ЕУ постепено и отворено објави санкции против некои руски претставници, поради, како што наведе, улогата во одвојување на Крим од Украина.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни