Шпанскиот спелеолог Сесилио Лопес е спасен од една пештера во Перу во која минал 12 дена, соопштија денеска перуанските власти.
Спасувачите синоќа успеала да го извлечат 44-годишниот Лопес од една пештара во оддалечен регион на Амазонија, од каде не можел да излезе сам, бидејќи се повредил.
Во спасувањето на спелеологот учествувал меѓународен тим составен од 107 луѓе, меѓу кои и 58 Шпанци, кои со радост го поздравиле извлекувањето на Лопес.
Бидејќи лекарите утврдиле дека има повреди на два пршлени на рбетниот столб, Лопес од пештаерата бил извлечен во носилка.