Вдовицата на Џон Ленон Јоко Оно ќе ги награди во петок со својата стипендија за мир „Ленон Оно“ (LennonOno) трите панкерки од руската група „Пуси рајот“, кои беа осудени на две години затвор за пеење протестна „молитва“ против Владимир Путин во московскиот храм
„Христос Спасител“, соопшти меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“.
Наградата ќе биде врачена на Пјотр Верзилов – сопруг на Надежда Толоникова – една од трите осудени млади жени.
Церемонијата во Њујорк ќе се одржи десет дена пред почетокот на процесот на апелативна инстанца против панкерките, што е предвидено да започне на 1 октомври во Москва.
Им благодарам на „Пуси рајот“ за нивната акција, која имаше за цел да донесе слобода на говорот за сите жени, изјави Јоко Оно во соопштение.
Вдовицата на Џон Ленон ја основа стипенцијата „Ленон Оно“ во 2002 година во спомен на активистичката дејност на својот покоен сопруг.