Професионален развој на наставниците по физичко образование

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и директорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ денеска ќе го посетат Факултетот за физичка култура, спорт и здравје при УКИМ, каде ќе присуствуваат на практичните обуки од проектот „Континуирано усовршување на наставниците и професорите по физичко образование од основните и средните училишта“.

Со проектот предвидено е да се продонесе постојан професионален развој во текот на работата на наставниците, оспособување за следење и примена на новите образовни технологии и напредување во работата на наставниците и професорите по физичко образование и спорт.

Носител на проектот е Агенцијата за млади и спорт, Министерство за образование и наука – Биро за развој на образованието и Факултет за физичка култура во Скопје, а главен покровител е Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска