Вељаноски на средба со стипендисти за парламентарната ИПС на германскиот Бундестаг

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ќе се сретне со германска делегација предводена од пратеникот Штефан Шварц, по повод изборот на кандидатите за Меѓуанродната парламентарна стипендија (ИПС) на германскиот Бундестаг.

Вкупно 120 стипендисти од 41 држава во рамки на ИПС ќе имаат можност  да се запознаат со парламентарниот систем на Германија.

Целта на програмата е да се осознаат политичките текови и демократските процеси при донесувањето одлуки. Стипендистите работат во канцеларијата на некој пратеник на германскиот Бундестаг, а имаат можности да учествуваат во предавања на некој од берлинските универзитети.

Програмата е под покровителство на претседателот на германскиот Бундестаг, а се спроведува во соработка со трите берлински универзитети.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба