Во САД обвинети четворица хакери за кражба на софтвер и на информации

Од:

Четворица членови на меѓународна хакерска мрежа се обвинети за кражба на софтвер и на информации во вредност од над 100 милиони долари, соопшти Министерството за правда во САД.

Некои од украдените софтверски производи и податоци биле користени за обука на воени пилоти, а другите биле поврзани во играта „Ексбокс“ на компанијата „Мајкрософт“.

Двајца од обввинетите, 28-годишен маж од Њу Џерси и 22-годишен Канаѓанец се изјасниле за виновни.

Според обвинителството хакерите овозможиле нелегален пристап до компјутерските мрежи на „Мајкрософт“ и некои партнери на компанијата во периодот од јануари 2011 до 2014 година. Хакерите се обвинети и за упад во мрежата на американската армија за да го украдат софтверскиот симулатор на воениот хеликоптер „Апачи“.

Тие уапднале и во системот на „Зомби студиос“, која разработува видео-игри, но и произведува софтвер за тренирање на армијата.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија