А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мировниот факел помина низ Гевгелија

by А1он30/09/2014 - 15:07124
Share0

Мировниот факел во рамки „Трката на мирот“ која годинава се организира по 27-ми пат, денеска помина низ Гевгелија.

Добивај вести на вибер

Централната свеченост по повод пристигнувањето на мировниот факел се одржа во ОУ „Крсте Мисирков“ каде со песни, прозни состави и цртежи младите ја испратија својата порака за мир во светот.

– Факелот на мирот досега беше во рацете на 100.000 луѓе, меѓу кои и Мајка Тереза и Нелсон Мандела. Секој од нас може да го промени светот така што ќе даде практичен пример за другите и симболично ќе го направи првиот чекор. Во тој дух можеме да трчаме со факелот заедно во мир и хармонија и да живееме заедно во мир и пријателство, рече Рене Дипапсаја,европски координатор на „Трката на мирот“.

„Трката на мирот“ ја поздрави и гевгелискиот градоначалник Иван Франгов кој порача дека заедно ќе работиме да изградиме европско друштво на заеднички човечки вредности, за да имаме свет во кој мирот и хармонијата нема да бидат само зборови,туку реалност.

Европскиот тим ја почна трката на 21-ви февруари од Лисабон, Португалија и по поминати 47 земји од Европа и патека долга 24.000 километри,трката ќе заврши на 8-ми октомври во Белград.

gevgelija

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

Горан Наумовски25/09/2025 - 16:25

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Горан Наумовски25/09/2025 - 15:12

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 12:1425/09/2025 - 12:59

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

Горан Наумовски15/09/2025 - 14:00

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски08/08/2025 - 13:2008/08/2025 - 13:27

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Горан Наумовски04/06/2025 - 16:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен