Малите јазици и нивната заштита мото на Светскиот ден на книжевните преведувачи

Од:

Малите јазици и нивната заштита  во однос на книжевниот превод и во однос на говорот се во фокусот на овогодинашното одбележување на 30 Септември – Светскиот ден на книжевните преведувачи.

Стефан Симовски, претседател на Советот на меѓународната средба на книжевните преведувачи при Сојузот на литературни преведувачи на Македонија, вели дека во однос на преводната книжевност во земјава се случуваат многу активности, пред се благодарение на владиниот проект за преводи на дела од „Ѕвездите на светската книжевност“. Предвидено е во првата фаза од проектот да излезат 560 наслови, а досега, додава тој, се објавени повеќе од 200.

Инаку, преведувачките награди за 2014 година, кои вообичаено требаше да бидат врачени на овој ден, дополнително ќе бидат врачени во ноември. Одлуката следи, вели Симовски, по консултацијата со Комисијата која е одговорна за проектот „Ѕвездите на светската книжевност“, и најавата дека на 28 октомври треба да излезат од печат околу 60 наслови во рамки на овој проект.

– Тука имаме квалитетни преводи и е навистина во интерес на преведувачите тие да не застарат и да изгубат од актуелност, бидејќи сакаме и тие книги да влезат во конкуренција за наградите, вели Симовски.

За Светскиот ден на преведувачи Сојузот денеска го промовираше и преводот на делото „Александар“ од Арно Шмит, по повод 100-годишнината од раѓањето на овој реномиран германски автор и одржа митинг на преводна книжевност.

Сојузот на литературни преведувачи на Македонија постои речиси 50 години и е членка на Светската организација  на преведувачи (ФИТ), која брои 80.000 членови. Светскиот ден на преведувачите е востановен во 2001 година од УНЕСКО, а во Македонија се одбележува веќе 14-та година.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска