Нова книга за монтажа од Снежана Младеновска Анѓелков

Од:

Издавачката куќа „Или или“ информира дека утре излегува од печат книгата “Слики со животна уверливост” на Снежана Младеновска Анѓелков, која се фокусира на филмската монтажа како важен творечки сегмент при обликувањето на документарниот филм, со осврт кон документарните филмови на македонскиот режисер Владимир Блажевски.

Во време кога во Македонија се објавуваат многу малку теориски трудови поврзани со филмската уметност, ова дело на Младеновска Анѓелков се очекува да наиде на добар прием како кај професионалците, така и кај вистинските љубители на Седмата уметност.

По повод излегувањето на книгата, истата ќе може да се купи по промотивна цена во книжарницата ИЛИ-ИЛИ до крајот на неделава.

snezana-mladenovska-a

„Ова е дело кое несомнено недостасува во македонската филмска литература, не само како теориски труд при кој се објаснува процесот на филмската монтажа како важен творечки сегмент во аудиовизуелното обликување на документарниот филм преку анализа на делата на Владимир Блажевски, туку се обидува да укаже и на важноста и нужноста од авторски документарни филмови во Македонија.

– Делото зборува за креирањето на документарниот филм како комплексна и одговорна задача со темелна опсервација и сликовен опис на нештата, апострофирајќи ја филмската монтажа која ги истакнува латентните вредности на материјалот”, вели м-р Лазар Секуловски, декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје во рецензијата на ова дело.

Авторката Снежана Младеновска Анѓелков е родена 1977 година во Скопје. Дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ монтажа во 2000 година, а со звањето “Магистер по уметности – област филмска и ТВ монтажа” се стекнува во 2012 година.

За нејзиниот прв роман „Единаесет жени“, издаден во 2011 година, ја добива наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.

Има долгогодишно работно искуство на телевизиска монтажа и креативно обликувала преку 500 документарни филмови, репортажи, патеписи…

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска