Турција презеде евакуација на 270 свои државјани од Либија поради влошување на состојбата на безбедноста во земјата, изјавија турски дипломатски извори.
Анкара испратила авион, кој од Либија треба да ги пренесе турските работници, кои главно се ангажирани во градежниот сектор, изјави извор од турското МНР, кој побарал анонимност.
Либија ја потресува политичка нестабилност по соборување на режимот на Моамер Гадафи и неговото убиство во 2011 година.