Аргентина осудена за непочитување судска одлука

Од:

Еден американски суд ја осуди Аргентина за непочитување судска одлука, со нејзиното одбивање да ги исплати сопствените долгови шо ги има кон два американски хеџ фондови.

Станува збор за непочитување на пресудата на судот во Њујорк, од јули оваа година,со која на владата во Буенос Ајрес и беше наложено да им го исплати долгот од 1,2 милијарди долари на хеџ фондовите кои откупиле дел од аргентинскиот долг, откако во 2001 година Аргентина проглси неликвидност.

Ова лето, њујоршкиот судија Томас Гриз пресуди дека Аргентина мора да ги подмири своите долгови кон двата американски хеџ фондови, пред исплата на долгот да побараат и сите други сопственици на аргентинските државни обврзници, кои властите во Буенос Ајрес ги издадоа и ги продаваа, пред 13 години, за да се спаси земјата од целосно банкротство.

Аргентинската влада одби да ги исплати побарувањта на Американците, заканувајќи се контра тужба пред меѓународните судови и обвинувајжи ги САД за „империјализам“ и за „лакомост“.

Амбасадорот на Аргентина во Вашингтон, вчера му испрати писмо на државниот секретар на САД Џон Кери во кое го предупредува оти „осудата за непочитување на судска одлука, означува бесправно мешање во внатрепните работи на една земја“.

Министерството за надворешни работи во Буенос Ајрес, уште го обвини американскиот судија Гриз за „насилство врз меѓународното право“ продолжувајќи ја својата „војна со зборови“ со САД, иако станува збор за случај во кој нема политички, туку само финансиски работи.

Во 2001 година, откако Аргентина остана „покуса“ за 100 милијарди долари, итно продаде на меѓународниот финансиски пазар свои државни обврзници, продавајќи го својот државен долг, за да дојде до „свежи пари“ и за да спречи поголеми финансиско-економски потреси во земјата.

Со дел од купувачите на нејзиниот долг, подоцна, Владата во Буенос Ајрес се договори за одлагаше на рокот на исплаќање, а со некои и за неплаќање на каматата.

Другиот дел од купувачите, меѓу кои се и двата американски хеџ фондови, не прифатија вакви договори, па летоска побараа целосна исплата на обврзниците.

Откако аргентинската влада го одби барањето, тие ја тужеа Аргентина на суд.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ