Општина Аеродром ќе се рекламира во дневните весници. Проценката на општинската администрација е дека за оваа услуга доволни се 2,118,600 денари или околу 34.000 илјади евра за закуп за рекламен простор за објавување огласи во дневните весници за разни соопштенија и повици за презентација и јавна расправа на детални урбанистички планови.
Услугата која ја побарува Аеродром е делива па така во делот за опис на набавката стои:
„Дел 1: закуп на рекламен простор за објавување огласи во дневните весници и тоа за објавување одлуки, решенија, огласи, соопштенија за јавна презентација и јавна анкета на детални урбанистички планови, огласи за продажба на градежно земјиште, издавање под краткорочен и долгорочен закуп на земјиште, објави за давање на користење на спортски објекти и терени, како и други содржини за потребите на Општина Аеродром, сукцесивно во текот на времетраењето на договорот, но не подолго од една година“.
„Дел 2: закуп на рекламен простор за објавување соопштенија за јавна презентација и јавна анкета на детални урбанистички планови, огласи за продажба на градежно земјиште, издавање под краткорочен и долгорочен закуп на земјиште и објави за давање на користење на спортски објекти и терени, сукцесивно во текот на времетраењето на договорот, но не подолго од една година. Напомена: за објавување соопштенија за јавна презентација и јавна анкета на детални урбанистички планови (ДУП-ови), огласи за продажба на градежно земјиште, издавање под краткорочен и долгорочен закуп на земјиште и објави за давање на користење на спортски објекти ќе се склучат договори со два дневни весници, согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, член 47 од Законот за градежно земјиште и член 3 од Правилникот за условите, начинот и постапката на давање на користење на деловни простории и спортски објекти број (Службен гласник на Општина Аеродром број 24/11 и 28/11)“.
Времетрање на договорот е една година, а проценетата сума од 34.000 евра може да се намали доколку на електронската аукција се пријават повеќе фирми, а еден од главните услови за добивање на тендерот е најниска цена.