Што откриваат брадата и мустаците за мажите?

Од:

Можно е да се дознае нешто повеќе за мажите набљудувајќи ги само нивните бради и мустаци, вели лекарот Ален Петеркин, кој има напишано три книги токму за овие „машки модни детали“.

Петеркин бил и во жири на Светскиот натпревар на бради и мустаци, а работи како амбасадор на брендот Доув за машка нега, пишува „Yahoo Shine“.

Голобрадост

Петркин верува дека трендовите на бради и мустаци се менуваат отприлика на секои 20 години и дека целосно избричнената брада наскоро ќе се врати како мода. Она што мажот го кажува со целосно избричено лице е дека не сака да се издвојува и дека сака класичен изглед.

Дводневна брада

Ова моментално е најпопуларна форма на бради и мустаци затоа што не е ниту права брада, ниту ги присилува мажите да се бричат секое утро, а изгледа добро на сите лица. Но, иако можеби не изгледа така, дури и дводневната брада бара одржување. Таквата брада и мустаци зборува дека мажот е во чекор со модата.

Мустаци

Самите мустаци никогаш не биле идеален машки стил. Во 70-тите мустаците без брада начесто можеле да се видат во порнографските филмови. Како и да е, мустаците се израз на бунтовност и јасно кажуваат дека на мажот кој ги носи не му е важно што другите мислат за него.

Густа одржувана брада

Се додека брадата редновно се одржува изгледа добро на сите мажи. Оние кои имаат густа брада ја сметаат за дел од својот идентитет. Силната брада се толкува како знак на мажевност, а мажите кои ја носат се полни со тивка самодоверба кои не сакаат да се прават важни.

Дива брада

Овие денови дивата неодржувана брада и мустаци можат да се видат на студенти и славни личнсоти. Во прашање е изразениот тестостерон на дело, а правилоте – што повеќе, тоа подобро. Дивата брада е израз на слобода и бунтовност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ