А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за малолетник, извршил 22 кривични дела

by А1он29/09/2014 - 12:5529/09/2014 - 12:55108
Share0

Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство го предаде малолетникот А.М. (16) поради основано сомнение дека сторил 22 кривични дела, меѓу кои „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Добивај вести на вибер

Според полицијата, на А.М. му е одреден 30 дневен притвор, а извршил полов напад над малолетничка со која бил во љубовна врска и живееле заедно во напуштени куќи на подрачјето на Скопје и Штип. А.М е осомничен и за 11 тешки кражба, 4 тешки кражби во обид, 5 кражби на автомобил и „прикривање“.

Пријавениот малолетник од јануари до август годинава, на подрачјето на Скопје, извршил 11 кривични дела тешка кражба, од кои четири се во обид. Од извршените 11 тешки кражби, по две се од куќа, канцеларии на фирми и приватно училиште САБА, а по една во книжарница, кафе-бар, салон за мебел, туристичка агенција и фризерски салон. Четирите обиди за тешка кражба се извршени во возило, канцеларија, бутик за венчаници и дискотека. Тешките кражби ги извршувал на тој начин што со употреба на погоден предмет и физичка сила делувал во пределот на крилото и рамката на влезната врата, влегувал во просториите, вршел претурање и пребарување по што одземал претежно техничка стока (телевизори, компјутери, УСБ стикови и сл). По преземени мерки и активности, дел од одземените предмети се пронајдени и се вратени на сопствениците.

А.М. на подрачјето на Скопје и Штип, според пријавите, украл возила „Југо Корал“, „Југо Застава“, „Рено 5“, „Сузуки Марути“ и „Ровер“. Со погоден клуч-калауз ги отварал возачките врати. Во два случаи возилата го стартувал со заборавен контакт клуч во бравата од возилото, во исто толку случаи го стартувал со тастер и во еден случај со клуч-калауз, по што откако ќе го ставел во движење се возел низ подрачјето на град Скопје се додека не бил забележани од страна на припадниците на единицата „Алфа“ или се додека имало гориво во возилото, соопшти МВР.

Кривичното дело „прикривање“ е извршено во мај годинава. Откако ги затекнал неговите пријатели како управуваат возило кое не било во нивна сопственост, им го одзел и по кратко возење го оставил на локалниот пат за село Визбегово.

Според полицијата, малолетникот А.М. е познат сторител на кривични дела и против него досега се поднесени уште 16 кривични пријави заради постоење основано сомневање дека е сторител на други имотни деликти.

mvr

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он04/11/2025 - 18:44

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 13:35

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он31/10/2025 - 20:0431/10/2025 - 22:04

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

Предраг Петровиќ24/10/2025 - 16:11

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски23/10/2025 - 11:3523/10/2025 - 11:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен