Нападнат и ограбен таксист во Тетово

Од:

Две непознати лица нападнале и ограбиле таксит додека тој ги возел кон село Брвеница.

МВР информира дека утринава околу 03,00 часот, во Тетово на ул. “Маршал Тито” додека Д.Н.(55) бил во своето такси возило, влегле две непознати лица и побарале да бидат превезени до с.Брвеница, притоа укажуваќи му да вози по земјен пат до с.Палиште.

По ова, едно од непознатите лица репетирало пиштол ставајќи му го на главата, додека другото лице со нож му нанело расекотина во пределот на левата дланка при што му одзеле 700 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он