Научна соработка меѓу скопскиот, истанбулскиот и софискиот универзитет

Од:

Трилатерална средба за научна соработка меѓу водечките универзитети и академиите на науки на Република Македонија, Република Турција и Република Бугарија ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

На средбата ќе присуствуваат ректорите Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот во Истанбул и на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски и претседателите на Македонската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките и Бугарската академија на науките, придружувани од делегациите на соодветните институции.

Свое обраќање на состанокот ќе има министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Трите универзитети ќе ги дефинираат заедничките приоритети за соработка во повеќе научни области што е од особено значење за заедничко учество и подобро искористување на европските и други истражувачки и развојни фондови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро