Градот Скопје почна со решавање на критичните точки по поплавите

Од:

На булеварот „Киро Глигоров“, каде во измнатиот период повеќе пати се создаде поплава по обилните врнежи, денеска почнаа градежни работи за изградба на атмосферски колетктор. Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие “Водовод и канализација” изработи акциски план за сите градежни зафати што треба да се изведат на десетте точки каде се создаваат поплави и најголемиот број од нив ќе бидат завршени во период од 2 до 3 месеци.

– Со овие градежни зафати почнуваме со решавање на проблемите што ги имаме со поплавите кои ни се случија по поројните дождови годинава. Имено, при поплавите лоцирани се десетина места кои се критични и се создаваат поплави, а ова е едно од тие места. Денеска започнаа градежните работи на булевар “Киро Глигоров”, каде на потег од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор со профил ф-800 милиметри, со што сметаме дека проточноста на атмосферските води ќе се зголеми за двојно, изјави градоначалникот Коце Трајановски.

Тој додаде дека дополнително со овие градежни зафати се исправува атмосферскиот колектор, кој досега имаше две прекршувања под агол од 90 степени, со што ќе се надминат досегашните проблеми.

Појасни дека на овој атмосферски колектор пред влезот во реката Вардар, исто така има прекршување под агол од 90 степени кое треба да биде корегиран во наредните 15 дена.

Покрај овие зафати, на оваа локација ќе се стават попречни решетки кои  на повисокото ниво пред падот на косината, со што атмосферските води ќе бидат прифатени во повисокиот дел и ќе бидат однесени директно во атмосферскиот колектор, пред овие води да дојдат во нискиот дел каде што се црпат со пумпи и се создаваат поплави.

Покрај зафатот на булевар “Киро Глигоров”, Трајановски говореше и за планираните зафати на сите десет критични точки во Скопје.

– На сите десет точки ќе бидат извршени активности за намалување на можноста за појавување на поплави во иднина, како што е поставување попречни решетки, зголемување на сливниците и нивно продлабочување, а веќе се работи на терен за надминување на проблемот на улица “Финска”. На оваа улица веќе е направен колектор од 150 метри и решен е проблемот што се јавува на едниот крак, но крајното решение ќе се добие со зафатите кои ќе се прават на улица “Маџари”, каде покрај реконструкција на оваа улица, ќе се направи и нов  атмосферски колектор на  потег од улицата “Антон Попов” до булеварот “Александар Македонски”. Атмосферскиот колектор ќе биде со профил од 800 до 1000 милиметри и сметаме дека со овој зафат ќе се решат проблемите на улица Финска и целата населба Ченто, истакна градоначалникот.

Тој најави дека тендерот за изведбата на овој зафат ќе биде распишан од 10 до 15 октомври и  неговата проектирана вредност е околу 60 милиони денари. Како локација што е попроблематична и бара поголем зафат е подвозникот кај кружниот тек на улица “Боца Иванова” во Бутел, каде што во тек е изработка на проект и до крајот на декември ќе биде објавен тендер за изведба, чијашто проектантската вредност е околу 30 милиони денари.

На подвозникот на булевар „Гоце Делчев“ кај стоковната куќа МОСТ, планирано е поставување  нови попречни сливници на улицата “Лазар Личеновски” и на делот до објектот на новиот театар, кој нема да дозволат атмосферските води да се враќаат во најнискиот дел на подвозникот. Дополнително, предвидена е и изградба на нов атмосферски колектор со поголем капацитет, кој би се движел од најниската точка на подвозникот до атмосферскиот колектор кај споменикот на Филип Втори Македонски.

Вкупна инвестиција за градежните зафати на сите овие десет точки е околу 2 милиони евра.

Градоначалникот Трајановски упати апел до општините во Скопје, да започнат активности за лоцирање на критични точки на локалните улици и изградба на атмосферски канализации на истите, коишто потоа би се поврзале со главните атмосферски колектори и со ова би се надминале поплави.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски