Полицаец нападнат при тепачка на фудбалски натпревар

Од:

Полициски службеник вчера е нападнат при воспоставување јавeн ред и мир на натпревар во село Шупли Камен меѓу кумановските фудбалски клубови „Башкими“ и „Карпош“ чии играчи се степале.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека полицаецот бил физички нападнат од неколку лица, кои го фатиле  во пределот на вратот и го влечеле за делови од униформата, нанесувајќи му телесни повреди. Откако испукал три курушуми во воздух, за да ги заплаши, напаѓачите се разбегале.

Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во тепачката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски