Контроверзната индиска политичарка и некогашна филмска ѕвезда Џајалалита Џајарам (66) осудена е денеска на четири години затвор поради корупција со што е завршен процес кој против неа траеше речиси две децении.
Премиерката на развиената држава Тамил Наду на југ во Индија, беше обвинета во 1997 година дека на нелегален начин стекнала богатство кога полицијата при претрес на нејзината куќа заплени голем имот и 28 кг. злато, 750 пара обувки и повеќе од 10.000 сари.
Обвинителите сметаа дека нејзиниот имот е во голема несразмерност со заработката од првиот министерски мандат од 1991 до 1996 година.
– Џајалалита е прогалсена за виновна поради натрупување богатство несразмерно со познатите приходи, наведе обвинителот Бавани Синг. Освен затворска казна таа е казнета и парично со 16 милиони долари.