Најмалку седум луѓе се водат како исчезнати и 40 се повредени во ерупцијата на вулканот Онтаке во централниот дел од Јапонија.
Официјални лица соопштија дека 32 лица се потешко повредени од кои седуммина се во критична состојба.
Јапонски медиуми јавија дека повеќе од 250 луѓе се заробени во близина на врвот на планината. Планинскиот вулкан Онтаке е висок 3.067 метри и се наоѓа на границата меѓу префектурата Нагано и Гифу.